Дома Македонски спорт Мак фудбал Георгиевски: На високо ниво да ги одиграме и последните два натпревари

Георгиевски: На високо ниво да ги одиграме и последните два натпревари

Десниот бек на ФК Победа Бојан Георгиевски е стандарден оваа пролет во почетниот состав и со своите игри ја оправда довербата на Стручниот штаб и ги освои симпатиите на прилепските љубители на фудбалот.

25-годишниот Георгиевски одигра 1264 минути пролетва на 15 натпревари а со свое видување за неделниот меч со Работнички:


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Натпреварот со Работнички е од големо значење за нас. Со позитивен резултат ќе бидеме до чекор до исполнување на целта која што ќе зависи од нас, а таа е обезбедување на директен опстанок. Во нашата екипа владее позитивна атмосфера, но сите знаеме дека не смееме да бидеме опуштени се до крајот, до исполнување на целта“.

„Имаме серија од 4 победи, играме на високо ниво и така треба да продолжиме и во овие последни 2 решавачки натпревари“, истакна Георгиевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Роби МекГаиган е нов европски шампион во снукер, Влатко Јанев донесе победа за Македонија

Викендов, со победата во финалето на С. Ирецот Роби МекГаиган над поранешниот професионале…