Дека „крушата под круша паѓа“, доказ е и Жоао Мендеш, синот на легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо.
Роналдињо своевремено беше најдобар фудбалер во светот, неговите потези и голови претставуваа вистинска атракција, а по неговите стапки тргна и 14-годишниот син Жоао Мендеш.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Синот на Роналдињо го потпиша првиот професионален договор, на пет години, со бразилскиот клуб Крузеиро, откако добро го помина пробниот период и ги воодушеви челниците на клубот.
„Денес потпишавме договор со Жоао Мендеш, кој има голем потенцијал и интересни карактеристики и веруваме дека наскоро ќе почне да работи со нашиот професионален тим“, изјави директорот на Крузеиро.
„Тој е висок играч со големи технички квалитети. Може да игра како централен напаѓач, но и надвор од шеснаесетникот. За својата висина е многу брз и има одлична завршница“,додаваат од бразилскиот клуб.
Гордоста за успехот на својот син не ја криеше ниту Роналдињо, кој јавно му честита преку социјалните мрежи.
Promessa da base, atacante João Mendes assina primeiro vínculo pelo Cruzeiro.https://t.co/BuMzJpCIn1
— Cruzeiro Esporte Clube (@Cruzeiro) April 5, 2019
„Магионичарот“, како што го нарекуваат Роналдињо, ја започна својата кариера во Гремио, пред да премине во ПСЖ.
Својата најголема фудбалска афирмација ја доживеа во Барселона, каде стана еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот. Потоа играше уште и за Милан, Фламенго и Атлетико Минеиро.