Младата ѕвезда на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс би можел кариерата да ја продолжи во Манчестер Сити, пренесува „А Бола“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според весникот Пеп Гвардиола го одредил Португалецот како примарна трансфер цел во летниот преоден рок.
Серхио Агуеро сигурно заминува од „Етихад“ на лето, па Пеп во Жоао Феликс гледа долгорочна замена за Аргентинецот. Сепак, на „граѓаните“ воопшто нема да им биде лесно да го реализира трансферот, бидејќи Феликс има откупна клаузула од 350 милиони евра.
Договорот на 21-годишниот Феликс со Атлетико истекува во 2026 година, а „јорганџиите“ пред две години за него платија 126 милиони евра.