Во текот на натпреварот во средата помеѓу Манчестер Сити и Порто беше навистина напнато.
Тренерите Пеп Гвардиола и Серхио Консесиао неколку пати влегоа во сериозна расправија, а за деталите од нивните расправии зборуваше стратегот на Португалците.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Чувствував потреба да му одговорам поради начинот на кој се обраќаше кон судиите и моите играчи, зборуваше и за нашата земја, тоа воопшто не беа убави зборови. Однесувањето на Гвардиола на клупата не беше непријатно. Ако некој треба да се жали по овој натпревар тогаш тоа сме ние“, изјави Консесиао.
Порто прв стигна до водство на „Етихад“, но Сити до крајот постигна три гола и славеше со 3:1.