Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не придава голема важност на одличната серија на својот тим.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Граѓаните“ се во серија од 13 победи во сите натпреварувања и моментално е лидер во Премиер лигата, со три бода предност пред градскиот ривал.
Гвардиола напомена дека не така одамна Сити беше на 12-то место на табелата и целта била пласман во Лига Европа.
„Ние треба да си ја вршиме нашата работа и ќе биде грешка ако мислиме на другите тимови. Кога бевме 12-ти си мислевме „заборавете на Премиер лигата, да видиме дали ќе се пласираме во Лига Европа следната сезона“. Не треба да гледаме на серијата и статистиката. Ни престојат натпревари против силни тимови како Ливерпул, а потоа и Тотенхем, Евертон, Манчестер Јунајтед“, истакна Гвардиола.