Во дербито од 27. коло на англискиот фудбалски шампионат, Манчестер Сити со пресврт го совлада градскиот ривал Манчестер Јунајтед со 3:1, со што се доближи на бод заостанување до лидерот Ливерпул.
Јунак на победата на актуелниот европски и англиски шампион беше двојниот стрелец Фил Фоден (56, 81), а третиот гол за Граѓаните го постигна Ерлинг Халанд (90+2), додека Маркус Рашфорд (8) го постигна водечкиот гол на натпреварот за гостите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Колку добро одигра Фоден најдобро говорат зборовите на Пеп Гвардиола, кој му се поклони на одличниот 23-годишен англиски репрезентативец.
„Фил решава натпревари. Играчите од светска класа ја преземаат одговорноста и тоа е она што тој го прави. Тој е доволно скромен, сака да игра фудбал, има неверојатна работна етика. Може да игра лево, десно, лажна деветка. Фил Фоден е најдобриот играч во ПЛ во моментов“, рече Пеп.
Фоден игра навистина фантастично оваа сезона. На 27 натпревари во лигата тој постигна 11 гола и има седум асистенции. Во сите натпреварувања оваа сезона има 18 гола и 10 асистенции на 40 натпревари.