Дома Трансфер зона Гвардиола тргнува по младата ѕвезда на Атлетико!

Гвардиола тргнува по младата ѕвезда на Атлетико!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, планира целосна реконструкцијата на тимот во летниот преоден рок, а англиските медиуми пренесуваат дека Каталонецот ја сака младата ѕвезда на Атлетико Мадрид, Саул Нигез.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Членот на младата шпанската репрезентација има значајна улога во тимот на Диего Симеоне, а клубот има намера да му понуди нов договор и да го заштити со откупна клаузула од 100 милиони евра.

Гвардиола, во летниот преоден рок, ќе го реконструира тимот, а од играчите кои играат во редот за врска, сигурно ќе заминат Јаја Туре, Фернандо, Делф.

Саул Нигез е продукт на школата на Атлетико, а како член на првиот тим во изминатите три сезони има одиграно 110 натпревари и постигнато 17 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…