Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола смета дека освојување на титулата во премиер лигата е многу поважно од триумф во Лигата на шампиони.
„Граѓаните“ во сабота на „Етихад“ играат против Челзи и со победа ќе ја освојат титулата во Премиер лигата, трета по последните четири години.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Против истиот ривал ќе ги одмерат силите и во финалето на Лигата на шампиони на 29 мај.
„Секогаш сум велел дека титулата во Премиер лигата е најважна. Може за клубот е финансиски подобро да се освои ЛШ, но нема дилема што е најважно. Нормално, трофејот во ЛШ е посебен, убаво е да се освои, но трофејот во Премиер лигата значи континуитет“, изјави Гвардиола, а потоа го пофали ривалот.
„Тие со години наназад се во врвот, се борат за титули во Европа, така што не сум изненаден. Имам голема почит за Томас Тухел. Беше во Мајнц, Дортмунд, ПСЖ и сега е тука. Секогаш ми било уживање да ги гледам неговите тимови“.