Дома Фудбал Англија Гвардиола со критики до ФИФА и УЕФА: На фудбалерите им треба одмор

Гвардиола со критики до ФИФА и УЕФА: На фудбалерите им треба одмор

Стратегот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола испрати критики до ФИФА и УЕФА поради распоредот на натпревари на репрезентациите.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Во мартовскиот термин репрезентациите одиграа три натпревари во 10 дена. Кога на ова ќе се додадат и клупските натпревари јасно е дека фудбалерите имаат многу малку време за одмор.

Таквата ситуација јавно ја критикуваше Гвардиола.

„Фудбалерите имаат неверојатен менталитет, можат да играат и секој ден, но им треба одмор. Ова што го прават ФИФА и УЕФА е премногу. Малку фудбалери можат да го издржат ова темпо, не само физички, туку и ментално да бидат спремни да се натпреваруваат толку брзо со повеќе противници. Тоа не е возможно“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Торцида“ запали голем транспарент на „Бед Блу Бојс“ во Загреб (Видео)

Инцидент го одбележа големото хрватско дерби меѓу Динамо Загреб и Хајдук Сплит на стадионо…