Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола сака да го засили средниот ред на тимот и веќе направил список од неколку фудбалери.
Англиските медиуми откриваат дека на врвот на листата на желби се наоѓа Бразилецот од Шахтјор Фред. Имено, Гвардиола останал импресиониарн од неговите квалитети на дуелот помеѓу Сити и Шахтјор во Лигата на шампиони.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според информациите од Островот, претставници на Манчестер Сити веќе направиле првични контакти со раководството на украинскиот клуб за трансфер на Фред уште во јануари.
They might want to use him as a second fiddle to Fernandinho's that his contract is running out and he's ageing… https://t.co/lRX8kFoLbR
— Maraiyesa Emmanuel O (@gmarrus) December 24, 2017
Првичната желба на Гвардиола беше Јулијан Вајгл од Борусија Дортмунд, но се предомислил откако имаше можност во два наврати да го гледа Фред против неговиот Манчестер Сити.