Во претходните денови од шпанските и островските медиуми се појавија информации за наводно незадоволство на Ерлинг Халанд.
Тие гласини стигнаа и до Пеп Гвардиола кој таквите најави остро ги демантираше.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Добро, што мислите?! Дека не сакаме Ерлинг тука да остане една деценија? Навистина е премногу…Го сакаме уште долго во клубот, заљубени сме во него. Нема ништо да се случи поради една објава на твитер или еден текст на некој новинар, туку ќе се случи кога Ерлинг ќе одлучи да го продолжи договорот или кога ќе одлучи да замине…
Ако некој сака да го доведе едноставно е. Го бара Сити и прашува. Тоа ние го правиме кога сакаме да доведеме играч. Не е ништо комплицирано. Ако мораме да ја коментираме секоја вест од разни извори, никогаш нема да ја завршиме конференцијата за медиуми“, изјави Гвардиола.
Манчестер Сити денеска го играме натпреварот од новото коло во Премиер лигата и тоа против Брентфорд.