Манчестер Сити вчера не успеа да го победи Саутемптон на домашен терен и одигра само 0:0.
По мечот во центар на внимание беше тренерот на домаќините, Пеп Гвардиола, кој уште еднаш се пожали на густиот распоред.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Саутемптон имаше седум дена за одмор и подготовка, а ние имавме само 10 минути. Премиерлигата има 38 натпревари и секој игра против секого. Сепак, тоа не е вистината за екипите кои играат во Лига на шампиони. Би сакал да имам повеќе време за одмор и подготовка“, изјави Гвардиола.
Коментари