Дома Трансфер зона Гвардиола се вклучи во трката за Влаховиќ

Гвардиола се вклучи во трката за Влаховиќ

Манчестер Сити се вклучи во битката за потписот на Душан Влаховиќ, пренесуваат англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Влаховиќ има договор со Фиорентина до 2023 година, но откако одби да го продолжи договорот, јасно е дека ќе биде продаден.

21-годишниот напаѓач моментално е прв стрелец во Серија А и е на мета на многу европски гиганти, а сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Манчестер Сити.

Гвардиола е во потрага по квалитетен напаѓач, а со оглед на фактот дека тешко ќе може да дојде до потписот на Халанд, сега се насочува кон Влаховиќ.

Италијанските медиуми пишуваат дека Фиорентина повеќе би сакала да го продаде Влаховиќ во странство отколку во Серија А, а за неговата слобода бара 70 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…