Манчестер Сити уште во летниот преоден рок бараше квалитетен играч за врска, па тоа ќе биде приоритет за Гвардиола во зимскиот преоден рок.
Гвардиола смета дека мора да донесе алтернатива за Фернандињо кој веќе е во поодминати години, но и за него нема адекватна замена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Англиските медиуми тврдат дека „граѓаните“ веќе го избрале наследникот на Бразилецот, а станува збор за талентираниот играч на Лион, Танги Ндомбеле.
Младиот Французин со своите одлилни настапи го привлече вниманието на многу европски гиганти, а Гвардиола сам можеше да се увери во неговите квалитети на натпреварот од ЛШ.
Медиумите тврдат дека „граѓаните“ веќе спремиле понуда од 40 милиони фунти (45 милиони евра) и го сакаат играчот уште во јануари.
Manchester City are weighing up a £40m Lyon midfielder Tanguy Ndombélé in January. (Source: Daily Telegraph) pic.twitter.com/PwzTXx5n3j
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) November 3, 2018