Ерлинг Халанд продолжува да го импресионира фудбалскиот свет и синоќа постигна нови два гола во Лигата на шампиони.
Веќе подолго време кружат шпекулации дека Норвежанецот е голема желба на Реал Мадрид и дека во договорот има опција да го напушти Сити по две сезони.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Гвардиола ги демантираше ваквите гласини и нагласи дека Норвежанецот нема клаузули во договорот.
„Во договорот на Халанд нема клаузула за негова преселба во Реал Мадрид. Тоа не е точно. Имам чувство дека тој е пресреќен во Манчестер Сити и дека ќе остане со нас многу долго“, изјави Гвардиола.
Халанд од почетокот на сезоната има 19 погодоци во дресот на Манчестер Сити во сите натпреварувања.