Фудбалерот на Баерн Минхен би можел на крајот од сезоната да го напушти Минхен.
Еден од најдобрите дефанзивци во последните неколку години би можел да биде ставен на продажбата, а за неговиот потпис би можеле да се борат неколку европски гиганти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Жером Боатенг се наоѓа на мета на Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Барселона и Реал Мадрид. Сумата која би можел да ја заработи Баерн од неговата продажба се очекува да биде околу 50 милиони евра.
Гвардиола е посебно заинтересиран повторно да соработува со Боатенг. Причината за таквата желба на Пеп е способноста на Боатенг да започне напад од последната линија на тимот.
Иначе, Боатенг своевремено беше дел од Манчестер Сити, но не доби шанса во првиот тим па се пресели на „Алијанц Арената“.