Дома Фудбал Останато Гвардиола открива: Што биле првите зборови на Меси за денес еден од најважните играчи на Барса?

Гвардиола открива: Што биле првите зборови на Меси за денес еден од најважните играчи на Барса?

guardiola

Шпанецот стратег открива како Серхио Бускетс станал еден од најважните играчи на Барселона.

Поранешниот тренер на Барселона, Пеп Гвардиола во интервју за шпанските медиуми откри како Лео Меси влијаел на кариерата на Серхио Бускетс кој во 2008 година бил прекомандуван од вториот во првиот тим на Барселона.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Високиот играч за врска стана еден од најважните фудбалери не само на Барселона, туку и на Шпанија со која практично освои се што можеше да се освои на клупско и интернационално ниво.

Со Барселона освои седум титули во Шпанија, а три пати го освојуваше и трофејот во Лигата на шампионите.

„Се сеќавам што Меси ми кажа за Бускетс после првите два, три тренинзи. Ми кажа: „ми се допаѓа“, само му реков ќе биде зад него кога и да е во проблем. Бускетс прави се што треба за своите соиграчи, лесно е да играте кога го имате него во тимот“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Изненадување од Островот: Алонсо повеќе не е кандидат за тренер на Ливерпул

Според последните информации од Островот, Ливерпул повеќе не е кандидат за доведување на Ч…