Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека сигурно останува на клупата и следната сезона, дури и ако Премиер лигата ги казни „граѓаните“ за финансиски малверзации.
Премиер лигата во февруари покрена обвинение за Манчестер Сити за финансиски малверзации, после четиригодишна истрага.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Останувам во Манчестер Сити и наредната сезона. Не размислувам за заминување. Не се грижете, останувам и ако бидеме казнети од Премиер лигата,. Она што би сакал е судењето да заврши поскоро и што е можно побрзо да биде решен случајот. Ако сме згрешиле нешто, сите ќе знаат“, изјави Гвардиола.
Манчестер Сити оваа сезона ја освои титулата во Премиер лигата, а ќе игра и во финалињата на ФА Купот и Лигата на шампиони.