Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, имаше само пофални зборови за менаџерот на Арсенал, Микел Артета кој се наоѓа под голем притисок поради слабите резултати на тимот во Премиер лигата.
Артета му беше помошник на Гвардиола во Сити, а оваа сезона со Арсенал го има најлошиот резултат во историјата на клубот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Арсенал не може да најде подобар тренер кој ќе го води клубот во наредните години. Не треба да му давам поддршка, бидејќи тој веќе ја има, тој знае за тоа. Артета е секако еден од најдобрите тренери со кои некогаш сум работел, поради неговата личност, посветеност, љубов кон неговиот клуб“.
„Јас сум прилично сигурен дека тој ќе промени се и ќе направи како што сите очекуваат. Понекогаш е потребно време кога клубот не е во најдобриот период. Да бев во управниот одбор на Арсенал, немаше да се сомневам во неговото ниво и способност“, изјави Гвардиола.