Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, а најголема желба е ѕвездата на Њукасл, Бруно Гимараеш.
Голем интерес за неговите услуги покажуваат неколку европски гиганти, а најсериозен е интересот на Манчестер Сити.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Њукасл остана без играње во Лигата на шампиони, па 27-годишниот Бразилец сака да ја промени средината, а Гвардиола верува дека ќе биде идеален за неговот стил на игра.
Се поизвесно е заминувањето на Де Брујне, па „граѓаните“ бараат негова замена и Бруно е посочен како идеална замена за Белгиецот.
„Граѓаните“ спремаат понуда од 80 милиони фунти плус бонуси за потписот на Бразилецот.