Клаудио Браво заработи тешка повреда и за него најверојатно сезоната е завршена, па Гвардиола експрено реагираше и му донесе замена.
Медиумите шпекулираа со неколку звучни имиња како Кејлор Навас и Силесен, но сепак Гвардиола се реши за изненадувачки потег.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, Манчестер Сити го врати во своите редови Аро Муриќ, кој беше испратен на позајмица во холандска Бреда.
Станува за млад 19-годишен репрезентативец на Црна Гора, роден во Швајцарија кој е член на Манчестер Сити од 2015 година и има договор со „граѓаните“ до 2021 година.
Муриќ би требало да биде резерва на Едерсон се додека не се опорави Клаудио Браво, кој сезоната требаше да ја започне како втор голман на „граѓаните“.
Aro Muric is 1.98m. Officially the tallest player in our squad. ? pic.twitter.com/nNfMk3n6p0
— City Chief ️ (@City_Chief) August 22, 2018