Тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола даде интересна изјава по поразот од Астон Вила кој веројатно беше негов најлош натпревар во тренерската кариера (ТУКА).
Фудбалерите на Астон Вила доминираа на теренот и заслужено славеа против актуелниот англиски и европски шампион со 1:0.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Гвардиола по натпреварот на прес-конференцијата вообичаено одговораше на прашањата на нвоинарите, а во една од изјавите најави дека ако сезонава освои тројна круна би можел да замине во пензија.
„Ако осезонава освоиме тројна круна ќе заминам во пензија. Тоа е сигурно. Знам дека е многу тешко. Во Англија имало навистина силни тимови, а само една со Сер Алекс Фергусон успеа тоа да го направи“, изјави Гвардиола.
На прашањето конкретно за натпреварот против Астон Вила, Пеп беше искрен.
„Победи подобрата екипа на теренот“, призна шпанскиот стратег.
„Моја должност е како тренер да пронајдам решение да излеземе од оваа ситуација. Во изминатите години сме имале порблеми, меѓутоа секогаш сме успевале да го најдеме вистинското решение“, додаде Пеп.