Неодамна Чави во изјава за медиумите изјави дека Барселона сакала да го доведе Жоа Кансело, но според него Пеп или некој друг не сакале тој да заврши во Барселона.
Сега стигна одговорот од Гвардиола кој смета дека Чави не е информиран што точно се случувало. Пеп тврди дека Барселона никогаш не испратила официјална понуда за Кансело.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„На Чави не му ја кажале вистината. Ние одлучивме дека Кансело треба да замине и не ни беше грижа каде ќе оди, дури и да одеше во нашиот градски ривал Манчестер Јунајтед немаше да правиме проблем. Не велам дека Чави бил излажан, но не му ја кажале вистината. Се пресели во Баерн затоа што Баерн го сакаше, Барселона не испрати понуда“, изјави Гвардиола.
Ќе потсетиме, Кансело изненадувачки го напушти Сити во зимскиот преоден рок поради конфликт со Гвардиола, но ниту во Баерн не помина најдобро, па гигантот од Минхен нема да го откупи неговиот договор и ќе се врати во Сити од каде што ќе бара нов клуб.