Дома Фудбал Англија Гвардиола им одговори на навивачите: Нема да се извинам, ако јас сум проблемот можам да се повлечам

Гвардиола им одговори на навивачите: Нема да се извинам, ако јас сум проблемот можам да се повлечам

Манчестер Сити на првиот натпревар во Лигата на шампионите славеше против Лајпциг со 6:3.

По овој натпревар Пеп Гвардиола даде изјава со која ги налути навивачите. Пеп зборуваше за посетеноста на стадионот, а навивачите му порачаа да си ја гледа неговата работа. Нивното соопштение можете да го прочитате – тука.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Сега стигна и одговорот од Шпанецот.

„Нема да се извинам за кажаното. Ова не е првпат во мојата кариера, сум кажал такво нешто во Барселона и Баерн. Кога играме со тим како Лајпциг знам колку е тешко за три дена да играме со Саутемптон. Кога кажав дека барам поддршка, тоа не значеше дека жалам од посетеноста, туку ги поканив да дојдат во поголем број и да уживаат на трибините, а воедно и ни се потребни. Ако не можете да дојдете, не доаѓајте. Не сакам да ми ставате зборови во уста кои не сум ги кажал. Ако јас сум проблем ќе се повлечам, не ми е проблем“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сити не го дава Де Брујне, му спреми нов договор

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, влезе во последната година од договорот, па с…