Манчестер Сити долго време беше во преговори со Наполи за трансфер на Жоржињо, па иако се беше договорено, на крајот плејмејкерот заврши во Челзи.
Откако Жоржињо и официјално беше претставен како ново засилување за Челзи, се огласи и Пеп Гвардиола.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„За него е подобро вака, треба да оди таму каде што сака, ќе беше голема грешка да дојдеше кај нас, а да жали што не потпиша за Челзи, изјави Гвардиола.
„Жоржињо е одличен фудбалер, но ние имаме решение на таа позиција, Фернандињо, Гундоган како и Зинченко кој може да игра на таа позиција. Задоволен сум и од младите фудбалери. Не знам дали ќе купиме некој нов играч за врска, ќе одлучиме до крајот на преодниот рок“, додаде каталонскиот стратег.
Медиумите пренесуваат дека „граѓаните“ го сакаат Ковачиќ од Реал Мадрид или Миралем Пјаниќ од Јувентус.