Дома Фудбал Гвардиола е тренер на Сити, но срцето му е во Барса – Пеп му го препорача „совршениот тренер“ на поранешниот клуб

Гвардиола е тренер на Сити, но срцето му е во Барса – Пеп му го препорача „совршениот тренер“ на поранешниот клуб

Барселона на лето ќе има нов тренер, бидејќи Чави Ернандез претходно најави заминување на крајот од сезоната. Има голем број сериозни кандидати, но се уште не е познато кој ќе го наследи поранешниот играч за врска на клупата.

Барса е еден од неколкуте великани кои на лето ќе бараат нов тренер. Баерн бара замена за Томас Тухел, Ливерпул за Јирген Клоп, додека во Каталонија треба да се најде наследник на Чави, што воопшто нема да биде лесно.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Различни имиња се шпекулираат, но тешко е да се каже кој ќе го преземе жешкото столче на каталонската гордост. Претседателот на клубот Лапорта реши да му се јавил на Пеп Гвардиола и да побара совет од него, а Пеп го препорачал Роберто Де Зерби, кој сега е на клупата на Брајтон.

Италијанскиот стручњак остави свој белег откако пристигна на Амекс, а неговата фудбалска филозофија плени многумина, што го прави многу баран на тренерскиот пазар. Де Зерби се поврзува и со Ливерпул.

Но, проблемот за Барселона е што би требало да плати околу 15 милиони евра обештетување на Брајтон.

Овој 44-годишен тренер е под договор до 2026 година и пред некој ден изјави: „Да. Имам договор. Ништо не сум одлучил. Мојот фокус е на Брајтон – 100 проценти“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со Флик забавата во Барса е загарантирана, но мора да се освојуваат и трофеи!

Ханзи Флик не отстапува од својата филозофија и тоа носи резултати. Барселона ја победи Бо…