Дома Топ вести Гвардиола добива 225 милиони за засилувања

Гвардиола добива 225 милиони за засилувања

Пеп Гвардиола на крајот на сезоната ќе добие голем буџет за трансфери, а целта е да го засили тимот на три позиции.

Британски „Телеграф“ објави дека приоритети се замена за Серхио Агуеро и Фернандињо, како и нов лев бек затоа што Бенџамин Менди не ги исполн очекувањата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За овие три позиции Гвардиола ќе добие повеќе од 200 милиони евра буџет.

Најголема желба во нападот е Ерлинг Халанд, а како алтернатива се споменува Ромелу Лукаку. „Граѓаните“ се спремни за напаѓач да го потрошат половина буџет, односно околу 100 милиони евра.

Гвардиола на лето сака значително да го засили тимот со цел да ја врати титулата на „Етихад“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус честиташе, но Ањели брутално одговори на прославата на Интер на 20. Скудето

Јувентус преку социјалните мрежи му ја честиташе титулата на Интер (ТУКА), но поранешниот …