Манчестер Сити ќе направи нов обид на лето да го донесе Хари Кејн во своите редови, пренесуваат медиумите на Островот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Граѓаните“ во текот на летото испратија неколку богати понуди за Кејн, но не успеаа да најдат заеднички јазик со Тотенхем.
Претседателот Леви постави цена од 150 милиони фунти за својот напаѓач и немаше намера да попушти, па Кејн остана во Тотенхем.
Во Сити се надеваат дека ќе можат да го убедат Леви на лето, бидејќи Кејн се уште не ставил потпис на нов договор.
„Во Сити се заљубени во Хари Кејн. Гвардиола го обожава, опседнат е со него и го сака само него“, изјави новинарот Романо, кој открива дека „граѓаните“ ќе направат се да го донесат на „Етихад“.