Кун Агуеро во 2011 година пристигна во Манчестер Сити од Атлетико Мадрид и почна да испишува историја на „Етихад“.
Агуеро е незаменлив во тимот на „граѓаните“ веќе девета сезона и до сега одигра 347 натпревари на кои постигна 239 гола.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Агуеро одлично ја отвори и оваа сезона, па во првите девет меча постигна 8 голови, но Сити е свесен дека Аргентинецот е во зрели години и мора да му бара наследник.
Англиските медиуми тврдат дека Гвардиола го сака напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, кој оваа сезона игра одлично како за клубот така и за репрезентацијата.
Меѓутоа, Интер не сака да се раздели од својата ѕвезда, па „граѓаните“ ќе мораат да ја платат откупната клаузула која изнесува 111 милиони евра.
Manchester City could evaluate Lautaro Martinez as they look around to identify the possible heir to Aguero's throne.
— Man City | Superbia (@SuperbiaProeIia) October 16, 2019
He has a €111m release clause in his contract but Inter are in talks in talks with his representatives over an extension.
[@cmdotcom via @Sport_Witness] pic.twitter.com/MEa47h43Lb