Дома Фудбал Гвардиола: Го гледавме Интер, знаеме со што си имаме работа

Гвардиола: Го гледавме Интер, знаеме со што си имаме работа

Пред финалето на Лигата на шампионите се одржа прес-конференција, а пред медиумите се обрати тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

Вечерва се игра големото финале во Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Интер, а натпреварот на прес-конференцијата го најави тренерот на англискиот тим Пеп Гвардиола.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Свесен е против кого игра, и дека Интер е подобар од Манчестер Сити кога се гледа историјата. Но, историјата не игра.

„Дефинитивно е сон. За да постигнете одредени работи секогаш треба да го имате вистинскиот дел од опсесија, желба. Опсесијата е позитивен збор. Тоа е сон за сите нас.

Знаеме колку е важно ова натпреварување. Не можам да контролирам што мислат луѓето, мораме да се фокусираме на она што треба да го направиме. Видовме доволно натпревари на Интер за да знаеме со што си имаме работа. На крајот, тоа е фудбалски натпревар.

Победува тимот кој игра подобро 90 минути. Што се однесува до историјата, Интер е подобар од нас. Тоа не е важно. Важно е утре да одиграме што е можно подобро.

Се согласувам со Илкај, тоа е ден за славење. Навивачите на Интер, навивачите на Сити мора да бидат среќни. Да прославиме што сме овде. Тоа е неверојатно натпреварување организирано од УЕФА.

Не сум тука да зборувам за тоа како Халанд постигнува гол. Не се сомневам дека утре ќе биде подготвен да ни помогне да ја освоиме Лигата на шампионите“, изјави Пеп Гвардиола на прес-конференција.

Да потсетиме, натпреварот е закажан за денеска од 21 часот, а фаворит е Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…