Иско повторно е незадоволен во Реал Мадрид и сериозно размисува да ја промени средината уште во зимскиот преоден рок, пренесуваат шпанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Со доаѓањето на Солари на тренерското столче, Иско падна во втор план и не добива голема минутажа, а од друга страна во репрезентацијата е незаменлив.
Иско никогаш не се избори за стандардно место во првиот тим, стѕатистиката вели дека од неговото доаѓање од Малага има одиграно само 60 цели натпревари, а на скоро 70% од натпреварите бил заменет или влегол од клупа.
Шпанските медиуми тврдат дека Иско сериозно размислува да побара трансфер, а таквата ситуација сака да ја искористи Пеп Гвардиола, кој никогаш не ги криел симпатиите за својот сонародник.
Неколку европски гиганти се заинтересирани за потписот на Иско, но Манчестер Сити е спремен да ги сруши сите рекорди во Премиер лигата и да понуди 150 милиони евра за неговиот потпис.