Викендов во недела на програмата во Премиер лигата е големото дерби помеѓу Манчестер Сити и Арсенал, а тимот предводен од Пеп Гвардиола е во исклучително лоша позиција пред овој дуел.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Репрезентативната пауза донесе многу проблеми со повреди во редовите на актуелниот шампион. Од дербито со Ливерпул надвор од тимот е Едерсон, додека потоа се повредија Џон Стоунс и Кајл Вокер. Меѓутоа неизвесни за настап се уште Кевин Де Брујн, Џек Грилиш и Матеус Нуњез.
Сите овие отсуства секако се проблем за Гвардиола, но добра вест е што од повреди се враќаат и би требало да бидат спремни Бернардо Силва, Рубен Силва, Мануел Аканџи и Ерлинг Халанд.
Сепак, проблеми има и во редовите на Арсенал бидејќи во настапот за Англија се повреди Букајо Сака, но ситуацијата кај „граѓаните“ е многу полоша.