Дома Фудбал Англија Гвардиола беше краток и јасен: Ова е разликата помеѓу скапите и ефтини стопери

Гвардиола беше краток и јасен: Ова е разликата помеѓу скапите и ефтини стопери

Ливерпул во средата за рекордни 75 милиони фунти го донесе во своите редови холандскиот стопер, Вирџил Ван Дајк.

Ван Дајк е рекордер кога се во прашање дефанзивците, а Пеп Гвардиола верува дека ќе им биде од голема помош на „Црвените“, кои доста имаа проблеми со одбраната.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Се работи за момче, а не за парите. Тој е исклучителен стопер, Ливерпул донесе вистинско засилување“, истакна Гвардиола и додаде:

„Ќе видиме во иднина, ако игра добро, тогаш нема да биде скап, а ако не биде добар тогаш ќе се испостави дека бил навистина скап. Кога Џон Стоунс пристигна во Сити, луѓето зборуваа дека е прескап, но сега е преефтин, се зависи од тоа што направиле на теренот“, објасни Пеп.

Ван Дајк претходно се поврзуваше со Сити, иако Гвардиола тврди дека никогаш не се засегнал за него и дека целта му биле други играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…