Дома Трансфер зона Гвардиола бара наследник на Фернандињо – ова се трите имиња!

Гвардиола бара наследник на Фернандињо – ова се трите имиња!

Манчестер Сити одлично ја отвори новата сезона, но Пеп Гвардиола сака дополнително да го засили тимот во зимскиот преоден рок.

Фернандињо и оваа сезона игра одлично, но Гвардиола сака да донесе негова замена, бидејќи нема доволно алтернативи на средината на теренот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Граѓаните“ ќе имаат солиден буџет за зимскиот преоден рок и веќе направија список од три имиња.

Првата желба е Френки де Јонг од Ајакс, поливалентен играч кој може да игра на сите позиции во средниот ред. Наводно Гвардиола има спремна понуда од 70 милиони евра, што холандскиот клуб тешко ќе може да ја одбие.

Вториот играч на списокот е ѕвездата на Вулверхемптон, Рубен Невеш. Меѓутоа Португалецот неодамна го продолжи договорот и „волците“ за неговата слобода бараат 100 милиони евра, сума која „граѓаните“ не се спремни да ја платат.

Третата опција е младата ѕвезда на Лион, Ндомбеле кој оваа сезона блеска и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

https://youtu.be/qWQEe1jCAQk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…