Дома Фудбал Лига на шампиони Гвардиола: Ако Нејмар останеше во Барса ќе освоеше уште две или три титули во ЛШ

Гвардиола: Ако Нејмар останеше во Барса ќе освоеше уште две или три титули во ЛШ

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола смета дека ако Нејмар останеше во Барселона, Каталонците во овој период ќе освоеле уште две или три титули во Лигата на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нејмар моментално е во ПСЖ, кој утре против Манчестер Сити ќе ги одмери силите во полуфиналето од Лигата на шампиони.

„Се сеќавам кога за прв пат гледав клипови од Нејмар, мислев дека тој е кралот на Сантош. Ако останеше во Барселона тимот ќе освоеше уште две или три титули во ЛШ. Тој, Меси и Суарез беа најдобриот напад во светот, но Нејмар одлучи да се пресели во Париз“, истакна Гвардиола.

„Ние не сме во елитата на ова натпреварување, но сакаме да бидеме. За повеќето наши фудбалери ова ќе биде прв пат да играат полуфиналето во ЛШ. Знаеме дека не очекуваат два тешки натпревари. ПСЖ е одличен тим и сигурно ќе има моменти во кои треба да страдаме. Ова е полуфинале и тоа е нормално, но нашата цел е секако пласман во финале“, додаде Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Холасндскиот херој стана трагичар: Погледнете како си даде автогол при лудите пенали

МАРОКО го обезбеди своето место во осминафиналето на Светското првенство откако во напната…