Средниот бек на Вардар, Хрватот Анте Гаџа си замина од таборот на црвено-црните и кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.
Иако имаше договор со Вардар до крајот на сезоната, Гаџа потпиша со Ал Нор и во пролетниот дел ќе ги брани боите на овој клуб кој ќе биде ривал за шампионската титула на Ал Мудар каде што тренер е Зоран Кастратовиќ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Гаџа заработи повреда во април и се чекаше да се врати во терените во дресот на Вардар, сепак тоа нема да се случи. Во редовите на Варда Гаџа дојде во 2019 година, претходно го носеше дресот уште на Нексе и Иваниќ Град.
По заминувањето на Гаџа тренерот Владо Недановски на располагање на средната бековска позиција ќе ги има Марко Доброковиќ и Мартин Карапалевски.