Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо после поразот од Јувентус во финалето на Јупот на Италија порача дека конечниот резултат не е правилен со обзир на тоа што се случуваше на теренот и дека неговите фудбалери загубиле поради голмански грешки.
Јувентус оствари убедлива победа и го освои Купот на Италија, а два од четирите гола ги постигна после големите грешки на голманот на Милан, Џиџи Донарума. Гатузо кажа дека тимот платил поради овие грешки и дека мора уште многу да учи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Тоа е фудбалот. Резултатот не е мерлив со она што го покажавме на теренот, но ги плативме грешките. Во првите 56 минути не им дозволивме да направат ниту една шанса, освен таа на Манџукиќ. Мора да ги прифатиме нашите грешки и конечниот резултат.“ – рече Гатузо и додаде:
„Јас сум млад тренер, се уште учам. Правам грешки и морам да откријам како да ги поправам за да напрадувам во иднина. Не треба да гледаме на резултатот 4:0, туку како се случи тоа и како да го спречиме во иднина.“
Доколку го освоеа Купот, фудбалерите на Милан директно ќе се пласираа во групната фаза на Европа лига, а така ќе мора да играат квалификации за тоа натпреварување.