Поранешниот италијански фудбалер и денес тренер, Џенаро Гатузо е пред нов ангажман во тренерската кариера.
Според најавите Гатузо е блиску да седне на клупата на тимот Ал Тавун од Саудиска Арабија. Информациите на италијанските медиуми се дека Гатузо ги договорил личните услови и сега само детали го делат од преселба во оваа земја.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Гатузо во кариерата како тренер ги водеше Сион, Палермо, Крит , Пиза, Милан, Наполи, Валенсија и Марсеј. Сепак, во ниту еден клуб не остави некој посебен успех.
Без ангажман Италијанецот е од февруари оваа година кога го напушти клубот од „Велодром“.