Дома Фудбал Италија Гатузо: Оставка? Ако видам дека проблемот е до мене!

Гатузо: Оставка? Ако видам дека проблемот е до мене!

Милан продолжи да ги разочарува своите навивачи, откако синоќа на домашен терен беше поразен од Аталанта со 2:0.

Тренерот Џенаро Гатузо, иако неодамна го презеде тимот, веќе се најде на удар на критики, но тој смета дека проблемот е што Милан се уште не е екипа, во вистинската смисла на зборот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Многу работи не функционират, ситуацијата е комплицирана, навивачите се незадоволни. Јас овде гледам луѓе кои даваат се од себе, но евидентно е дека не ни оди“, истакна Гатузо, а потоа одговори дали размислува за оставка.

„Ако сум јас проблемот и ако играчите не сакаат да ме следат, тогаш во ред. Но, мислам дека постојат други проблеми, едноставно не сме доволно „гладни“. Можеме и мораме многу подобро. Во моментов не личиме на тим и тоа е најлошото од целата ситуација”, изјави Гатузо.

Милан следната недела го очекуваат два дерби натпревари. Најпрво со Интер во Купот, а потоа и гостува на Фиорентина на 30-ти декември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…