Дома Трансфер зона Гатузо одлучи: Четворица играчи не „летаат“ за САД – го напуштаат клубот!

Гатузо одлучи: Четворица играчи не „летаат“ за САД – го напуштаат клубот!

Тренерот на Милан Џенаро Гатузо го избра составот за американската турнеа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Росонерите“ ги стартуваат припремите за наредната сезона во која навивачите сигурно нема да влезат со преголем оптимизам со оглед на ситуацијата во клубот која ја остави сега веќе поранешниот претседател, Јонгхонг Ли.

Џенаро Гатузо ги избра и играчите со кои ќе патува на припремите, оние што не добија повик јасно е дека ќе го напуштат клубот, а такви се: Густаво Гомез, Монтоливо, Бака и голманот Габриел.

Иван Стриниќ, Лукас Биља и Андреа Конти се на нешто подолг одмор, па дополнително ќе и се приклучат на екипата. Стриниќ и Биља имаа напорно лето поради Мундијалот, додека Конти и понатаму е во процес на опоравување од повредата.

Списокот на Милан за турнеата во САД:

А.Донарума, Г.Донарума, Реина, Абате, Антонели, Белоди, Бонучи, Калабриа, Мусакио, Родригез, Ромањоли, Симиќ, Запата, Бертолачи, Боновентура, Брешианини, Чалханолгу, Халиловиќ, Кеси, Локатели, Маури, Тораси, Борини, Кутроне, Калинич, Силва, Сусо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…