Иван Перишиќ е една од најголемите ѕвезди во тимот на Хајдук, но тоа не го спречи Џенаро Гатузо да го исфрли од првиот тим.
Гатузо уште од играчките денови е познат како некој кој сака дисциплина во својот тим, па тоа го практикува и на клупата на Хајдук.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По вчерашниот натпревар против Локомотива во кој Хајдук испушти победа во последните моменти од средбата, Гатузо ја објасни ситуацијата со Перишиќ.
„Пред 20 дена, Перишиќ дојде во мојата канцеларија и ми кажа дека сака да замине. Ако некој не сака да остане, тогаш морам да го респектирам остатокот од тимот. Во соблекувалната постојат правила кои мора да се почитуваат.
Му дадов шанса да игра 20, 35 и 65 минути. Кога некој сака да замине може да доведе до погрешни размислувања. Сепак, ова не е затворена приказна, тој и понатаму е тука“, изјави Гатузо.