Хајдук како нов спортски директор вчера го претстави екс-играчот на овој клуб Никола Калиниќ. Калиниќ ја презема улогата на Миндаугас Николичиуас кој го напушти клубот.
Веднаш по претставувањето според информациите на хрватските медиуми Калиниќ во потрагата за нов тренер ја контактирал италијанската легенда, Џенаро Гатузо. Но, наводно неговото доаѓање во тимот на Александар Трајковски во овој момент не изгледа реално.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Гатузо како играч на Милан освои се и беше светски шампион со репрезентацијата на Италија во 2006 година, но како тренер немаше преголем успех. Досега во кариерата Гатузо ги водеше: Сион, Палермо, ОФИ, Писа, Наполи, Венеција и Марсеј каде што го имаше последниот ангажман и доби отказ по 24 натпревари.