Италијанскиот гигант Милан во недела игра против Удинезе во рамките од 23 коло во Серија А.
Тренерот на „росонерите“, Џенаро Гатузо ово свој стил го најави натпреварот против Удинезе.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тоа ќе биде прв судир на двајцата поранешни соиграчи од репрезентацијата на Италија која го освои Светското првенство во 2006 година, Масимо Одо на клупата на Удинезе и Џенаро Гатузо на клупата на Милан.
„Масимо Оди и јас делевме многу убави моменти. Тој е многу интелигентен и духовит, а неговите успеси говорат сами по себе. Во минатата знаеше да добие неколку шлаканици бидејќи имавме различни идеи за тоа како треба да се спремиме за натпреварот“, изјави легендарниот Гатузо.
После лошиот старт Милан конечно врза неколку добри резултати, но Гатузо предупредува дека неговата екипа мора да се спушти на земја.
„Не смееме да заборавиме што луѓето ни зборуваа пред неколку недели. Ние не сме како Бред Пит и понатаму сме грди како мене и мојата брада, имаме и темни подочњаци“, додаде во свој стил италијанскиот тренер.
Milan aren't Brad Pitt, they're ugly like me – Gattusohttps://t.co/7kvRaoGgKL pic.twitter.com/pCAIcSnNBv
— Daily Fantasy Soccer (@TheFantasyFooti) February 3, 2018