Дома Фудбал Италија Гатузо: Кога Аталанта поведе со 2:0 го исклучив телевизорот и се обидов да заспијам

Гатузо: Кога Аталанта поведе со 2:0 го исклучив телевизорот и се обидов да заспијам

Милан ја победи Фиорентина и така остана во игра за четвртото место на две кола пред крајот на првенството и ако успеат „росонерите“ да обезбедат место во ЛШ тоа ќе биде една од нивните најлуди сезони во последната деценија.

Меѓутоа проблеми на Милан му прави Аталанта која и понатаму на е плус три, а најголемата надеж на Милан дека клубот од Бергамо ќе падне е Јувентус. Аталанта во наредното коло игра во Торино на гости кај „старата дама“. Сепак, треба да се потсети дека Аталанта оваа сезона го шокираше Јувентус во Купот на Италија каде што фаворитот го победи со 3:0.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Aталанта вчера пред натпреварот на Милан играше со Џенова.

„Откако Аталанта поведе со 2:0 го исклучив телевизорот. Се обидов да заспијам, но не успеав, на крајот отидов и се истуширав“, изјави Гатузо и продолжи да зборува за неговиот тим.

„Ова е тим со добри страни и слабости. Пропуштивме многу прилики да бидеме четврти. Но, доколку некој пред почетокот на сезоната ни кажеше дека ќе бидеме на исто ниво со Рома и четири бода пред Лацио веројатно не би му верувале. Иако, испуштивме многу бодови, можевме да бидеме и во далеку подобра ситуација“, тврди Гатузо.

„Нашиот проблем оваа сезона е што треба да бидеме доследни, бидејќи кога ќе престанеме да се движиме со топка, создавме простор за пртоивникот и стануваме статични, престануваме да играме“, порача стратегот на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти ќе комбинира со составот против Барселона?

Фудбалерите на Реал Мадрид во недела ја пречекуваат Барселона, а Карло Анчелоти размислува…