Дома Фудбал Останато Гатузо за социјалните мрежи: Зошто некој да знае дека пијам шише вино?

Гатузо за социјалните мрежи: Зошто некој да знае дека пијам шише вино?

Џенаро Гатузо беше блиску да стане тренер на Тотенхем, но договорот пропадна откако против него на социјалните мрежи почна да се води кампања дека е расист и сексист.

Причината поради која се обвинуваше Гатузо беа некои негови изјави од минатото.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што поминува времето Гатузо отворено зборува на оваа тема, така беше сега и во интервјуто за „Ил Месенџеро“.

„Беше разочарување, не бев опишан каков што навистина сум, но ништо не можев да направам. Жал ми е што не можев да објаснам дека не сум личности за кој се зборува. Прифатив приказна што боли повеќе од отказ“.

Откри дека нема профили на социјалните мрежи.

„Немам профили на Фејсбук, Инстаграм или Твитер. Ги нема ниту мојата сопруга. Зошто да дозволам да бидам навредуван за било што. Не разбирам зошто треба да известам другите ако јас пијам шише вино? Тоа си е мојата работа, тој што треба да го знае е со мене“, изјави Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…