Tренерот на Милан, Џенаро Гатузо се потсети на една сезона помината во Глазгов Ренџерс.
Гатузо во овој момент е хит за кого зборува цела Европа. Рино на играчите на Милан успеа да им го пренесе својот победнички менталитет.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поранешниот италијански репрезентативец во 1997 година настапуваше во за тимот на Глазагов Ренџерс, а сега го открива непријатното искуство кое го имал со Пол Гаскоњ.
„Во текот на мојот прв ден во Глазгов, Гаскоњ изврши „голема ну*да“ на моите чорапи додека јас бев во бањата. Кога излегов го почуствував непријатниот мирис, тој човек беше невозможен“, открива Гатузо.
По авантурата во Глазгов, Рино се врати во Милан и успеа да испише неколку страници златна историја на овој клуб. Подоцна го носеше дресот на швајцарски Сион, па ја започна тренерската кариера, а сега повторно во Милан покажува дека може да биде и голем тренер.