Дома Фудбал Италија Гатузо започна со промените: Големото засилување и стандардниот член во првиот тим, се сели на клупа!

Гатузо започна со промените: Големото засилување и стандардниот член во првиот тим, се сели на клупа!

gatuso

Џанаро Гатузо доби прилика да го предводи својот сакан Милан.

Легендата на „росонерите“ го наследи Виченцо Монтела и ќе го превземе клубот кој се наоѓа на седмото место со само 20 бодови после 14 кола.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сопствениците на клубот се очајни и сметаат дека токму оваа италијанска легенда може да го врати клубот на самиот врв во Серија А. Меѓутоа, многу дол пат е пред него и тоа треба да им биде јасно на сите.

Поранешниот играч од средината на „росонерите“ ќе добие прилика да ја води екипата до крајот на сезоната, а темпераментниот Гатузо веднаш одлучи да направи одредени промени.

Имено, Милан во 15 коло гостува кај тимот на Беневенто, екипа која не освои ниту еден бод во досегашниот дел од шампионатот и е најлоша во Европа. Сепак, и покрај тоа стратегот на Милан овој натпревар го сфаќа многу сериозно.

На последниот тренинг Гатузо одлучи да проба нова тандем во средниот ред. Се очекува Милан да излезе во формација 3-4-3, а во срцето на средината веројатно ќе се најдат Лукас Биља и Рикардо Монтоливо.

Тоа значи дека место во првите 11 кај Гатузо нема да добие големото засилување од Аталанта, Франк Кеси кој беше стартер на секој натпревар кај Монтела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…