Дома Фудбал Гатузо во четврток потпишува нова договор – ова се деталите!

Гатузо во четврток потпишува нова договор – ова се деталите!

Раководството на Милан постигна комплетен договор за продолжување на соработката со тренерот Џенаро Гатузо, пренесуваат италијанските медиуми.

„Спортмедиасет“ пренесува дека новиот договор ќе биде потпишан во четврток и со него Гатузо ќе се обврзе на верност со „росонерите“ до 2021 година.

Гатузо моментално е со договорот кој го имаше во младинскиот тим и заработува само 120.000 евра годишно, а според новиот договор ќе заработува 2 милиони евра по сезона, плус бонуси.

Гатузо седна на кормилото на Милан во декември и буквално ги препороди „росонерите“ кои се без пораз во 2018 година.

Раководството на Милан исто така е во напредни преговори за продолжување на договорите со Патрик Кутроне и Алесио Ромањоли до 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ромарио удри по Анчелоти: Бразил не смее да жртвува уште едно Светско!

По поразот од Јапонија со 3:2, Ромарио побара селекторска смена. Анчелоти има договор до м…