Дома Фудбал Останато Гатузо: Во Минхен го чекав Гвардиола цели два дена

Гатузо: Во Минхен го чекав Гвардиола цели два дена

Џенаро Гатузо по кратката пауза како тренер пред неколку месеци се врати на тренерската работа на клупата на Марсеј.

Италијанскиот стратег дојде во Марсеј во тежок период и успеа да донесе позитивно влијание во соблекувалната, а сега во едно интервју за француските медиуми зборуваше за Пеп Гвардиола.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Гатузо се сеќава на Гвардиола и во времето кога како играч играле против неговата Барселона.

„Пеп остави трага на мене уште како играч. Кога игравме против Барселона кој тој ја водеше трчав 95 минути и само три-четири пати ја допрев топката. Не можев да разберам што се случува и од тогаш почнав да се интересирам што прави и како работи, ја проучував неговата работа“, изјави Гатузо.

Кога започнал како тренер отпатувал во Минхен каде што Гвардиола во тој период беше тренер на Баерн.

„Во деновите кога започнував како тренер, сакав да учам од него. Во Минхен пред тренинг центарот на Баерн го чекав речиси три дена, чекав да помине со автомобилот. Не сум барал ништо никогаш, па така и тогаш не се најавив. Кога помина покрај мене ме познат, меѓутоа тоа беше по цели два дена, бев премрзнат од студ“, откри Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челси гради шампионски тим: Мареска ќе купи две засилувања од Дортмунд

Челси оваа сезона игра во одлична форма и моментално се наоѓа на второто место во англиска…