Дома Фудбал Италија Гатузо веќе си заминува од Фиорентина?

Гатузо веќе си заминува од Фиорентина?

Џенаро Гатузо после само дваесетина дена откако потпиша договор со Фиорентина би можел да си замине.

Медиумите од Апенините пренесуваат дека Гатузо не бил задоволен од играчкиот кадар и поставеноста на многу работи во и околу тимот. Според информациите од Италија неговите очекувања за преодниот рок не се совпаѓале со оние на раководните лица во тимот.

Гатузо по завршувањето на сезона доби отказ во Наполи откако не успеа да се избори со тимот за место во Лигата на шампионите. Наполи без Лигата на шампионите остана откако во последното коло не ја победи Верона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Млад фудбалер удрил со глава во трибина и починал: Трагедија на островот Тасос

Аслан Џана, шеснаесетгодишен фудбалер на екипата Виронас од Кавала, почина во вторникот от…